Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово соопшти дека руските сили спроведуваат офанзивни операции во правец на Бахмут, Авдијивка и Новопавливска. Русите се обидуваат да ги задржат териториите што ги зазедоа, концентрирајќи ги напорите на одвраќање на акциите на украинските сили во одредени правци, пренесува Укринформ.
Се додава дека руските сили ги гранатираат украинските сили долж линијата на фронтот, спроведуваат воздушно извидување и продолжуваат да таргетираат витална инфраструктура и цивилни објекти, пишува Б92.
Украинскиот Генералштаб наведува дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле четири ракетни и 28 воздушни напади, како и повеќе од 45 напади со повеќецевни ракетни системи.