More

    Три брода со над илјада баратели на азил се наоѓаат во Медитеранот и бараат пристаниште кое ќе ги прифати, Европската комисија потсетува дека тоа е законска и морална обврска

    spot_img

    Три брода со над илјада баратели на азил се наоѓаат во Медитеранот и бараат пристаниште кое ќе ги прифати, Европската комисија потсетува дека тоа е законска и морална обврска, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Европската комисија потврди дека три брода во Медитеранот сигнализирале тревога и упатиле барање за безбедно вкотвување во Европа. Овие бродови пренесуваат мигранти и бегалци од целиот свет. Тие побарале од Малта, Италија и Франција да им дозволат пристап до своите пристаништа, но досега не добиле одговор.Портпаролката за внатрешни работи во Европската комисија Анита Хопер на денешниот брифинг за новинарите потсети дека медитеранската рута е една од најактивните, како и една од најопасните, бидејќи има силно присуство на криминални организации.

    – Европската комисија како таква не е инволвирана ниту е одговорна за координација на вакви операции во море, ниту дефинира место за излез, меѓутоа потсетуваме дека спасувањето животи во море е морална обврска, но и законска должност за земјите членки согласно меѓународното право и независно од околностите кои ги довеле луѓето во ситуација на опасност во море, изјави Хопер.

    Италија и Малта добиле повици од бродовите на крајот на октомври. Два од овие брода доаѓаат од Либија. Во Италија, новата премиерка, Џорџиа Мелони, од редовите на екстремната десница сѐ уште не одговорила на повиците на бродовите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img