More

    Мицкоски не планира да разговара за уставните измени

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе се консултира со коалициските партии и со раководството и пратеничката група за став дали ќе присуствува на лидерска средба што за понеделник ја организира премиерот Димитар Ковачевски, соопшти претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, додавајќи дека сè уште не добил покана и не го знае планот за средбата.

    Според него, на лидерска средба треба да се разговара за суштински работи и за реални проблеми што ги мачат граѓаните, како што е порастот на цените и инфлацијата, а не за уставни измени зашто ВМРО-ДПМНЕ за тоа нема да го смени ставот.

    – Добро е да се разговара за актуелните проблеми, за она што ги мачи граѓаните – за беспарицата и високите цени, инфлацијата, енергетската состојба, криминалот и корупцијата. Тоа е суштината и како политичари треба да најдеме решение за проблемите на граѓаните и за тоа сум подготвен да разговараме во кое било време. Затоа што денеска никој не зборува за уставните измени што му текнале на Ковачевски и на таа мала група околу него за да ги спасуваат своите политички кариери уште некој месец – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.
    Тој додаде дека ако одат на лидерската средба нема да го променат ставот за измени на Уставот и дека сега е доцна за широки консултации по однос на уставните измени.

    – Такви широки консултации требаше пред пет-шест месеци да има кога ја распродаваше Македонија и кога мислеше дека прави херојски дела, а всушност капитулира. Сега е доцна и ако нема мнозинство за тие уставни измени, а нема, треба да зборуваме за датум за предвремени избори – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да им се извини на граѓаните Македонци затоа што изјави дека отворањето на клубот во Благоевград долгорочно ќе биде на штета на Македонците во Бугарија и дека ја поларизира бугарската јавност кон нив.

    – Месечната плата министерот ја добива од граѓаните во Македонија и треба да ги штити нивните интереси, а не да ги штити интересите на граѓаните во соседна Бугарија. Мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните во Македонија, пред сè на Македонците. Ваквите изјави не одат во прилог на релаксирање на и онака поларизирана состојба. Нему му преостанува да им се извини на неговите сограѓани Македонци за болката што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој го води овој процес со нашиот источен сосед. Да даде поддршка на Македонците од таа страна на границата за тие културно да се организираат и да може да ги остваруваат своите права во Бугарија, а не да биде против нив како што тоа го прави во своите изјави – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img