Кралицата на поп музиката Мадона (64) покажа како изгледа без грам шминка на лицето откако беше на удар на критичарите и грди коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Откако во последно време шокира со својот изглед, поп-кралицата Мадона реши да им одговори на сите противници и критичари кои ја обвинуваат дека постојано користи филтри на фотографиите што ги објавува од себе, а сега објави необработено видео за да покаже како навистина изгледа.
Мадона на ТикТок го сподели видеото на кое се појави без трошка шминка на лицето. Меѓутоа, тоа можеби и не беше најдобриот потег затоа што нејзините обожаватели сепак останаа на ставот дека таа изгледа неприродно и необично, што очигледно е резултат на прекумерните одења на естетски корекции и операции.
„О, мој Боже, о мој Боже, зошто го направи тоа“, вели Мадона во објавеното видео, на кое по неколку моменти се појавува со шминка за да ја покаже разликата.
„Дали е ова некаков хорор?“, „Дали е тоа Мадона?“, „Зошто луѓето не можат да прифатат да стареат?“, „Да, зошто го направи тоа“, „Те молам, немој повеќе“, „ Зошто се претвораш во Мики Рурк?“, „Добро ли си?“, „Исусе, што е ова?“, се само дел од коментарите што ги добила.
Мадона инаку беше голем противник на пластичните операции, а сега не може да живее без нив, што го докажува со секоја нова објава на социјалните мрежи. Иако не зборуваше за естетската хирургија, очигледно е дека неколкупати отишла под нож, а покрај изгледот, Мадона изминативе неколку месеци ги шокираше фановите и со своите разголени објави на социјалните мрежи.