Видеото на пејачката Мараја Кери за празникот „Ноќта на вештерките“ стана хит на ТикТок и за само неколку часа собра повеќе 5 милиони лајкови и над 9 милиони прегледи.
На снимката на пејачката во издание на „Ноќта на вештерките“, таа како вештерка вози велосипед за вежбање додека датумите се вртат околу неа. Набрзо се слуша смеа на вештерка, а Мараја се трансформира во „Божиќна Мараја“ која наместо да вози велосипед за вежбање, седнува на стол, додека во позадина се слуша нејзината песна „All I Want For Christmas“, веројатно најпопуларната божиќна песна.
„Време е“, гласи описот на видеото кое воодушеви многумина.
„Ми се допаѓа како го прифаќате фактот дека сте сопственичка на Божиќ“, „Кога таа вели дека е време, време е“, се само дел од коментарите.
ФОТО: ТикТок