Се чини дека Хајди Клум, преправена во грозен црв, не беше единствената и најголема ѕвезда на нејзината забава за Ноќта на вештерките синоќа во Њујорк. Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, не остана покусо и дојде во костум наречен „Devil’s Champion – Leather Armor Set“, кој се продава за 7.500, а може да се изнајми за 1.000 долари. За да биде уште почудно, со Маск беше и неговата мајка Мае, нашминкана и облечена во црна кожна јакна.
„Халовин со мајка ми“, напиша милијардерот на Твитер.
Неговиот црвен костум со изгравиран јарец кој е симбол на сатанизмот ги остави луѓето зачудени.
Маск потоа сподели и фотографија од своето куче Шиба Ину облечено во кошула со логото на Твитер. Покрај кучето седеше тиква за Халовин во која исто така е издлабена птичката од Твитер.
Милијардерот кој само што ја купи социјалната мрежа денеска беше во центарот на вниманието бидејќи освен што е газда, се назначил себеси за главен директор, односно шеф на Управниот одбор на компанијата. Во претходните денови тој отпушти голем дел од раководните лица.
Ќе дојде ли со Илон Маск третата ера на социјалните медиуми, како што некои велат? Па, една од новините за кои милијардерот размислува е враќање на процесот на верификација со помош на апликацијата Twitter Blue, која чинеше 5 долари месечно, а наводно ќе чини 20. Не е јасно дали оваа верификација ќе важи за сите корисници.
Другата новина е можното враќање на апликацијата Vine за споделување видеа до крајот на годината, нешто што Маск го побарал од инженерите, според порталот Аксиос. Речиси 70 отсто од испитаниците онлајн ја поддржале оваа идеја.