More

    Во ноември природен гас од „Макпетрол“, а и дизелот е во игра

    spot_img

    АД ЕСМ ќе набави природен гас од „Макпетрол” за топланите „Исток” и „Запад” за периодот од 1 до 15 ноември и за КОГЕЛ во подружница „Енергетика” за периодот 1 до 30 ноември, информираат од компанијата.

    – Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ-ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за ноември, за неа не е извршена набавка од АД ЕСМ. Фирмата ПГО извести дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, што дополнително ќе подлежи на нова понуда. Со овој понудувач ќе биде потребно да се комплетира и комуникацијата во однос на останатите документи кои се побаруваат пред склучување на договор – соопшти АД ЕСМ.

    За понатамошниот период, се вели во соопштението, ќе се побараат нови понуди од заинтересираните фирми за снабдување, и тоа за топланите „Исток” и „Запад”, за КОГЕЛ во „Енергетика” и за евентуално ангажирање на приватната гасна електрана ТЕ-ТО од страна на АД ЕСМ.

    – Набавката на природен гас за пократок временски период е направена од причина што се бележи пад на цените на природниот гас на берзите и очекувањата се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди – велат од ЕСМ.

    Во следните денови, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ-ТО за ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.

    – АД ЕСМ веќе ја информира јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите технички и технолошки се подготвуваат да го користат и е полесно достапно за набавка. АД ЕСМ со своите друштва за топлинска енергија непрекинато испорачува греење за градот Скопје и така ќе продолжи и во следниот период, порачуваат од АД ЕСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img