Бројот на жртвите од уривањето на мост во Гуџарат, Индија, се искачи на 132, соопшти во понеделникот локален претставник, а пренесува Ројтерс.
Пешачки мост над реката Мачху во градот Морби беше преполн со посетители кои уживаа во празничните веселби, се урна во неделата, фрлајќи луѓе во реката. „Бројот на загинати во инцидентот со уривање на мостот се искачи на 132. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат“, изјави висок функционер на НК Мухар, истакнувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Мухар, исто така, рече дека персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за управување со катастрофи и вонредни состојби од околните области се распоредени за да ги лоцираат исчезнатите лица и да помогнат во спасувачките операции.
Повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот кога тој се урна.
Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19 век. Тој беше затворен за реновирање шест месеци, а неодамна беше повторно отворен за јавноста.