More

    Руската блокада внесе страв од хуманитарна катастрофа

    spot_img

    Поради одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот за извоз на жито блокирани се 218 бродови од Украина, соопшти денеска украинското Министерство за инфраструктура.

    Бидејќи Украина немала дозвола од заедничкиот координативен центар да помине низ безбедниот коридор, 218 пловни објекти биле блокирани на нивните сегашни позиции, објави Министерството на Телеграм.

    Министерството наведува дека 95 натоварени бродови што ги напуштиле украинските пристаништа чекаат на проверка за испорака до крајниот потрошувач, а 101 празен брод чекаат на проверка на влезот во украинските пристаништа. Наведено е и дека 22 брода со земјоделска стока чекаат да ги напуштат украинските пристаништа.

    НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

    – Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна – рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да престане да ја користи храната како оружје и да стави крај на нелегалната војна против Украина.

    Луганску истакна дека извозот на жито од Украина помогна да се намалат цените на храната ширум светот.

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази „длабока загриженост“ бидејќи украинскиот поморски извоз на жито е запрен, откако Русија го суспендираше своето учество во договорот со кој се дозволени виталните пратки.

    – Генералниот секретар е длабоко загрижен за тековната ситуација во врска со Црноморската иницијатива за жито. Тој одлучи да го одложи своето заминување на Самитот на Арапската лига во Алжир за еден ден за да се фокусира на ова прашање – изјави неговиот портпарол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img