More

    Спасовски: Ги знаеме мејловите кои се пуштени од странство

    spot_img

    Министерот Оливер Спасовски во денешното гостување во дневникот на Сител на прашањето до каде е истрагата за лажните пријави за наводно поставени бомби во скопските средни училишта, соопшти дека пораките се пуштени од странство.

    – Пораките се пуштени од надвор од државата. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој дел навистина работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните – објасни министерот Спасовски.

    Тој потенцираше дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на сите граѓани на државата во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер безбедноста, која во денешни услови исклучително доаѓа до израз.

    – Вие знаете дека имаше обиди за напади врз институциите, хакерски напади врз неколку институции во државата. Дури и при спроведувањето на пописот имаше сериозен хакерски напад на целиот систем којшто практично работеше во делот на спроведување на пописот, на неколку од министерствата итн. Тоа покажува само колку е потребно во делот на сајбер безбедноста да се преземат сите мерки и таа сајбер безбедност да ја зголемуваме преку јакнење на капацитетите материјално-технички, меѓутоа и на човечките ресурси – истакна Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img