Царината на Хонг Конг заплени 1,8 тони течен метамфетамин, најголема досега заплена на дрога во градот, соопштија денеска властите.
Синтетичката дрога, што беше запленета на 23 октомври, била скриена во шишиња со ознака „кокосова вода” и била дел од товарна пратка што пристигнала во Хонг Конг по море, се вели во соопштението на властите.
Се проценува дека вредноста на запленетата дрога е 140 милиони долари.
Полицијата во Хонг Конг го истражува случајот и засега нема уапсени.
Дрогата била наменета за Австралија и била испорачана од Мексико преку Хонг Конг, соопштија властите на прес-конференција. Како што се наведува, во Австралија пазарната вредност би можела да достигне речиси милијарда долари