Денес во салата на Советот на општина Центар се оддржа Изборна конференција на општинската организација на НСДП-Центар.
Емил Николовски, дипломиран економист и досегашен претседател на општинската организација повторно беше избран да ја води НСДП-Центар, исто така беа избрани и Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.
На конференцијата свое обраќање до делегатите имаше претседателот на НСДП Горан Мисовски, а присутни беа и потпретседателката Соња Мираковска, генералниот секретар Мики Милковски, организацискиот секретар Венцо Вуинов и секретарот за меѓународна соработна Марјан Дамјановски.
Изборот беше извршен со тајно гласање од страна на триесетина делегати од општина Центар.