Нејмар е ослободен од обвиненијата за корупција поради неговиот трансфер во Барселона од Сантос. Шпанското обвинителството го ослободи напаѓачот на ПСЖ и сите други лица вклучени во зделката.
Тужбата против 30-годишниот играч, неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Хосеп Бартомеу и Сандро Росел, и поранешниот директор на Сантос, Одилио Родригез, ја покрена „DIS” (инвестициска компанија од Бразил).
Тужителот побарал за Нејмар пет години затвор и 150 милиони евра отштета.
Бранителот по говорите на сите обвинети во судот изјави дека „нема ни навестување за кривично дело”. Тој побара сите обвинети да бидат ослободени.
ДИС имаше 40% од правата за трансфер на играчот, кои ги стекна во 2009 година, на почетокот на магијата на Нејмар во Сантос. Компанијата тврдеше дека не ја добила сумата што и следува од трансферот на Нејмар во Барселона од бразилскиот клуб