More

    Заклучно со вчерашниот ден се аплицирани над 20.000 вакцини против сезонски грип

    spot_img

    Заклучно со вчерашниот ден се аплицирани над 20.000 вакцини против сезонски грип, а закажани се 39.000 термини за кои граѓаните преку Мој Термин добиле порака за вакцинирање со точен датум и вакцинален пункт, информира министерот за здравство Беким Сали.

    При денешната посета на вакциналниот пункт при Центарот за јавно здравје Скопје во амбулантата Пролет, Сали информираше дека вакцинацијата започна навремено на сите вакцинални пунктови.

    – Првпат започна во октомври, за разлика од претходните години. Како што знаете, пред средината на октомври стигнаа вакцините и по финализирање на процедурите во Агенцијата за лекови и медициснски средства МАЛМЕД, ги распределивме количините во сите пунктови – рече министерот.

    Тој најави дека од следната недела започнува имунизација на терен за пациенти во старските домови и во дијализните центри.

    – Од Министерството се обезбедени 40.000 вакцини против грип за ранливи групи население, а дополнителна количина е обезбедена од организацијата ПиВи, односно 20.000 дози се донација – појасни министерот Сали.

    Тој посочи дека количините на вакцините се набавуваат врз основа на податоците од претходните години.

    – По сѐ изгледа добрата организираност на целиот тим што се ангажираше околу снабдувањето и дистрибуцијата на вакцините ја покажа ефикасноста и се гледа дека интересот е поголем од минатата година. Секако ова ќе биде показател да планираме повеќе од предвиденото. Оваа година има вкупно 60.000 вакцини, а според анализите ќе бидат добар репер колку вакцини да испланираме за следната година  изјави министерот и додаде дека доколку оваа година интересот е поголем од сегашниот, Министерството ќе ги искористи капацитетите да набави дополнителни количини.

    Тој објасни дека вакцинацијата е најефикасна мерка за спречување појава на потешки форми, компликации и смртен исход од грип, особено кај ризичните групи. Со бесплатна вакцинација се опфатени граѓаните од ранливите групи како што се лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.

    Директорот на Центарот за јавно здравје Бесим Заќири рече дека вакцинацијата на вакциналниот пункт во амбулантата Пролет се одвива во најдобар ред и оти се работи во две смени.

    – Досега се аплицирани околу 700 вакцини преку Мој термин и 650 комерцијални. Сметам дека овој период е најдобар за вакцинација и апелирам масовно да се вакцинираат како најбезбеден начин за заштита од сезонскиот грип – истакна Зехири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img