На 27.10.2022 околу 13.20 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец Р.Ј.. Тој се сомничи дека извршил кражба на повеќе предмети од стационар за бездомни кучиња во Гостивар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.