More

    Таравари вели дека ни е потребен нов Устав, оти сегашниот е „крпен“

    spot_img

    В.д. претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари се надева дека во овој парламентарен состав ќе бидат донесени уставните измени и дека ќе помине нивното барање од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението”.

    – Мислам дека ова прашање е веќе апсолвирано и дека има добро расположение и кај македонските и кај албанските партии. Мислам дека постои консензус за тоа. Не е достоинствено за било кој јазик да стои 20 проценти. Мислам дека е достоинствено да стои македонски и албански јазик – рече Таравари во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

    Доколку не се изгласаат уставните измени, според Таравари, неизбежни се предвремени парламентарни избори.

    – Ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав, тогаш мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници бидејќи полека народот се иселува. Ако не поминат уставните измени, може да се случат и предвремени избори. Ако нема договор за уставните измени, мислам дека неизбежни се предвремените избори – подвлече Таравари.

    Според него, можеби треба да се размислува и за нов функционален Устав бидејќи постоечкиот, како што вели, е „крпен”.

    – Убаво е да размислуваме можеби за нов функционален устав. Нашиот Устав, за жал, е крпен Устав. Нон стоп е менуван како што евалуирала државата – рече Таравари.

    За балансерот вели дека се подготвени да разговараат, но дека треба да се донесе нов закон за правична застапеност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img