На вчерашниот завршен, свечен настан беа презентирани сработените активности од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ .
Проектот во изминатите три години го реализираше Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија, Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија и Министерството за локална самоуправа.
Општина Дебрца беше еден од партнерите во проектот со кој доби современ, планинарски дом со 20 легла, опрема за делување во зимски услови и сигурност на посетителите со формирањето на Планинската спасителна служба за регионот.
Градоначалникот Ногачески во свето пригодно обраќање уште еднаш потенцира дека проектот е значаен од аспект на тоа што е во целосна корелација со визијата Дебрца да прерасне во извонредна туристичка природна дестинација, затоа што Дебрца со своето природно богатство, која е дел од светското природно наследство, со сите планински масиви кои ги поседува е природно предодредена за развој на зимскиот авантуристички туризам. Токму затоа сите реализирани активности во рамките на проектот беа во таа насока.
Кога зборуваме за развој на зимскиот авантуристичкиот туризам, треба да се има услови за развој и на безбеден туризам. Во наредниот период сите ние општините од овој регион треба да ги поддржиме сите активности на ПСС и тој Меморандум за соработка кој го потпишавме не треба да остане само на хартија, туку треба да го преточиме во практика.
а нас проектот покрај конкретни бенефити, индирекно придонесе и за јакнење на нашите капацитети во процесот од апликација до реализација на проектите од прекуграничната соработка.
Уште еднаш ја изразив големата благодарност до Делегацијата на ЕУ и Министерството за локална самоуправа кои ги обезбедија финансиските средства за имплементација на проектот, како и до сите партнери со кои заедно ги реализиравме проектните активности.