Во јуни се дозна дека поради инфлација, раперот Снуп Дог ѝ ја зголемил платата на неговата лична „виткачка на џоинт“.
Веста помина прилично незабележано, но водителите на австралиското радио шоу „The Kyle and Jackie O Show“ сметале дека тоа е интересно и во емисијата ја поканиле Ренегејд Пирана, чија должност е да витка џоинт за Снуп Дог.
„Пресметав дека досега имало повеќе од 450.000. Работам со околу 220 грама дневно, што е од 75 до 150 џоинта“, раскажала Ренегејд.
Веста во јуни ја објави профилот „UberFacts“ на Твитер. Беше напишано дека Снуп Дог вработува личност чија должност е виткање џоинт и ќе заработува меѓу 40.000 и 50.000 долари годишно, а Снуп, кој има над 20 милиони следбеници на платформата, одговори: „Инфлација. Нивната плата се зголеми!“ и ја спореди својата работничка со филмскиот лик Лурч од семејството Адамс, опишувајќи ја нејзината работа како „беспрекорна“.
Во интервјуто со Хауард Стерн, Снуп рекол дека придобивките од работата се бесплатната марихуана, но понекогаш и облека.