More

    Расправата за избор на министер за локална самоуправа продолжува в петок

    spot_img

    Во Собранието денеска втор ден пратениците расправаа за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа.

    И денеска ставовите на пратениците од опозицијата и власта беа спротивставени. Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не веруваат дека е добро решение. За пратениците од владејачките партии Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.

    Во текот на денешната попладневна расправа можеа да се чујат и меѓусебни обвинувања на пратениците од владејачките партии и од опозицијата за тоа која власт колку направила или не направила, за криминали и корупција.

    Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

    Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.

    На дневен ред на денешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.

    На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

    Продолжението на оваа седница потпретседателот на Собранието Горан Мисовски го закажа за во петок во 12 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img