More

    Владата ќе кажува сѐ за кризата за да не паничиме

    spot_img

    Владата започнува со процес на редовно информирање на јавноста за мерките кои се преземаат за ублажување на економско-енергетската криза, како и за тековните одлуки што ќе ги носи за нејзини надминување, со цел избегнување на лажни вести и дезинформации кои служат за создавање паника и несигурност кај граѓаните, најави денеска советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов.

    – Многу е важно во вакви кризни услови граѓаните да добиваат навремени и проверени информации. Затоа ги споделуваме сите важни информации за јавноста и ја подигнуваме транспарентноста на највисоко ниво со цел да направиме сериозен исчекор за спречување на ширење на лажни вести и шпекулации, а со тоа да спречиме и ширење на непотребна паника кај населението – рече Андонов на денешната прес-конференција во Владата.

    Тој препорача дека сите без исклучок треба да штедиме електрична енергија со цел да го зачуваме електроенергетскиот систем на земјава и додаде дека сите имаме одговорност за побрзо и поефикасно справување со кризата.

    – Сега е време кога мора рационално да ги користиме енергенсите и да бидеме солидарни. Сега е време за солидарност, разбирање и соработка. Потребно е да направиме мала промена во домот и на своето работно место која ќе значи многу за енергетскиот систем. За да имаме утре, мора да штедиме денес – рече Андонов.

    Тој посочи дека вчера од домашните капацитети повторно се задоволени сто отсто од потребите за електрична енергија на граѓаните и на малите потрошувачи.

    – Дневното производство на електрична енергија на ЕСМ изнесува 11.083 мегават часови, од кои во термоелектраните се произведени 8.940 мегават часови, а од хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци 2.143 мегават часови електрична енергија. Со тоа се обезбедени сто отсто од дневните потреби на регулираниот пазар. Ја следиме состојбата на дневно ниво и редовно ќе го споделуваме со јавноста овој енергетски биланс – потенцира Андонов.

    Тој повика сите да бидат внимателни и рационално да ја користат електричната енергија со цел намалување на потрошувачката.

    – Со штедење си помагаме себеси, а во исто време им помагаме на институциите за полесно справување со енергетската криза. Секој заштеден киловат час електрична енергија придонесува за добро функционирање на енергетскиот систем и за да го избегнеме најцрното сценарио, а тоа се рестрикциите. Со солидарност ќе обезбедиме сигурност за сите – посочи Андонов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img