Големите пронаоѓачи суштински го променија општеството со нивните револуционерни пронајдоци. Од друга страна, светските сили со векови се бореа против таквите револуционерни технологии корисни за човештвото за да одржат „статус кво“ – благодарение на тоа и на нивното место на врвот на социјалната пирамида.
Ниту случајот со генијалецот Никола Тесла и судбината на некои негови изуми не се разликува. ФБИ неодамна објави доверливи документи засновани на Законот за слобода на информации, кои, меѓу другото, содржат „отфрлени и намерно заборавени“ пронајдоци на Тесла кои, доколку се спроведеле, дефинитивно ќе го променеле светот во кој живееме.
1. Осцилатор на Тесла
Во 1898 година, Тесла тврдеше дека конструирал мал осцилатор кој, кога е прикачен на објект, предизвикува ефект на земјотрес. Гледајќи го катастрофалниот удар на таквата направа, Тесла, како што самиот кажа, „земал чекан и целосно го уништил“. Некои теоретичари на заговор тврдат дека американската влада го користи овој изум на Тесла како дел од проектот HAARP на Алјаска, пренесува „AnonHQ.com“.
2. Бесплатната струја
Со помош на финансиски средства обезбедени од „ЈР Morgan“, во 1901 година во Њујорк, Тесла ја дизајнираше и изгради кулата Варденклиф, гигантски безжичен предавател способен да обезбеди безжичен пренос на податоци низ планетата.
Тесла првично имаше намера да емитува текстуални пораки, слики и телефонски сигнал, но проектот прерасна во идеја за снабдување на целиот свет со електрична енергија. Проектот за бесплатна електрична енергија веројатно би станал премногу опасен за владејачката елита бидејќи суштински би ја променил енергетската индустрија.
Замислете како би изгледал светот доколку општеството нема потреба од нафта или јаглен? „ЈР Morgan“ одби да ги финансира промените, а проектот беше напуштен во 1906 година.
3. Смртоносните зраци
Во 1930 година, пронаоѓачот го измислил Телефорс, или таканаречениот „зрак на смртта“. Уредот беше способен да емитува огромна количина на енергија што може да се искористи за соборување на „непријателски авиони, уништување војски или нешто друго што не сакате да постои“. Телефорс никогаш не бил изграден бидејќи се верувало дека ќе стане премногу лесно да се уништат цели држави.
Тесла тврдеше дека неговиот изум може да уништи цел на оддалеченост од повеќе од 200 милји и во исто време да создаде „енергетски ѕид“ околу земјата што ќе ја „заштити од непријателот“. Големиот научник дури изјавил дека имало обиди да се „украде“ овој изум, но дека крадците си заминале со „празни раце“.
4. Воздушен брод
Тесла тврдеше дека „воздушните бродови на електричен погон ќе превезуваат патници од Њујорк до Лондон за три часа“, патувајќи 13 километри над Земјата. Тој исто така тврдеше дека овие бродови ќе црпат енергија од атмосферата и дека никогаш нема да им треба полнење гориво. Воздушните бродови ќе бидат без пилоти и ќе се користат за превоз на патници до одредени дестинации или за далечински контролирани воздушни напади. Многумина веруваат дека денешните дронови се базирани на оваа технологија на Тесла.
5. „Летечка чинија“
Во 1911 година, во интервју за Њујорк Хералд, легендарниот пронаоѓач откри дека работи на вселенско летало што ќе и пркоси на гравитацијата.
– Мојата машина нема да има ниту крила, ниту пропелери. Кога ќе го видите на земја, нема ни да погодите дека се работи за авион. Сепак, ќе лета со брзина која досега не била постигната и ќе биде многу безбеден. Исто така, ќе може долго да левитира на своето место и покрај силните ветрови – рекол Тесла.
Летечката чинија на Тесла требаше да се напојува со бесплатен енергетски систем за разлика од другите авиони кои ја црпат енергијата од нафтата. Овој изум ја доживеа истата судбина како и неговиот проект за бесплатна електрична енергија.
Откако ФБИ објави документи кои ги содржат исчезнатите дела, истражувања и пронајдоци на Никола Тесла, се потврдија гласините дека агенцијата ги украла од генијалниот инженер, пренесува „AnonHQ.com“.