На Сантијаго Сачез му остана само пешки да помине низ Иран за да стигне до Катар, домаќинот на Светското првенство.
Навивач на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација сакал пеш да стигне до Катар, земјата домаќин на претстојното Светско првенство. Сега големо прашање е дали ќе успее во тоа со оглед на тоа што е „заглавен“ во затвор во Иран.
Таа вест и не е толку лоша, со оглед на тоа што неколку дена немаше никакви информации за него. Му се губи секаква трага пред три недели, а неговите родители и пријатели биле прилично депресивни, мислејќи на најлошото.
Последен пат се слушнал со семејството на почетокот на октомври, а сега пристигнаа и последните информации за него. Тој е во Иран, жив е, но моментално е во градот Сакез и во затвор! Овој град припаѓа на регионот на Курдистан, а со него е и преведувач, кој исто така е уапсен.
Сантијаго последен пат е виден на 2 октомври во градот Панџвин, Ирак, на пет километри од границата со Иран. Дотогаш тој секојдневно комуницираше со пријателите и семејството, раскажувајќи им за своите авантури, но од почетокот на октомври немаше никаков контакт.
„Тука е жешко, но добро е“, беше последната порака што Санчез му ја испрати на семејството, по што за него започна пеколот во земјата која со недели е во политички превирања.
Инаку, Иран беше последната земја која Санчез мораше да ја помине за да стигне до Катар, но сега големо прашање е дали ќе може да го следи Мундијалот барем преку малите екрани.