Левица поведе постапка за утврдување неспојливост на функциите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Политичката партија Левица до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) поднесе Претставка за утврдување судир на интереси поради неспојливост на функции против актуелниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Џафери, како што наведува Левица, своеволно и спротивно на Уставот, законите и Деловникот, паралелно врши две неспојливи функции: парламентарен спикер и член на колективното Генерално претседателство на неговата матична партија ДУИ што е законски забрането.

– Ова истовремено кумулирање на две инкомпатибилни функции во една личност е спротивно на изричната императивна уставна одредба од чл. 67, ст. 3 од Уставот на РМ, која јасно предвидува дека: „Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија! Имајќи го предвид ова, Левица како опозициска парламентарна партија бара од ДКСК да ја констатира оваа противуставна состојба на неспојливост на функциите кои ги извршува Талат Џафери, како и да преземе идни мерки за нејзино отстранување со барање оставка на Џафери од една од функциите кои нелегално ги извршува – наведуваат од Левица.

Share This Article