Предупредување до Пјонгјанг: Новиот нуклеарен тест ќе биде проследен со „невиден одговор“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

САД, Јужна Кореја и Јапонија го предупредија Пјонгјанг за нуклеарни проби. Во последните неколку недели, војската на Пјонгјанг изврши неколку тестови на оружје и лансираше неколку проектили, вклучително и балистички и крстаречки ракети, кои би можеле да носат нуклеарно оружје.

САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска му рекоа на Пјонгјанг дека евентуален нов севернокорејски нуклеарен тест ќе бара „невиден и исклучително силен одговор“. Во меѓувреме, земјите ветија единство и зајакнување на одвраќањето во регионот откако Северна Кореја изврши неколку тестови на оружје во последните недели, вклучително и тактички нуклеарни вежби.

По разговорите во Токио, замениците-министри за надворешни работи на трите земји рекоа дека ќе ги засилат напорите за одвраќање во регионот со оглед на тестовите на оружје на Северна Кореја во последните недели, пренесе француската новинска агенција АФП. „Се договоривме да продолжиме да ја зајакнуваме соработката, така што Северна Кореја веднаш да ги прекине своите незаконски активности и да се врати на разговорите за денуклеаризација“, рече јужнокорејскиот заменик-министер за надворешни работи Чо Хјун-донг по средбата.

Тој додаде дека сите три земји се согласиле дека е потребен невиден силен одговор доколку Северна Кореја изврши уште една нуклеарна проба. Ова би било седмо по ред и прво од 2017 година, што и Сеул и Вашингтон неколкупати го истакнаа во последните месеци.

Во последните неколку недели, војската на Пјонгјанг изврши неколку тестови на оружје и лансираше неколку проектили, вклучително и балистички и крстаречки ракети, кои би можеле да носат нуклеарно оружје. Еден од проектилите леташе над Јапонија минатиот месец, а севернокорејските власти соопштија дека станува збор за тактичка нуклеарна вежба. „Сето ова однесување е непромислено и длабоко дестабилизирачко“, рече американскиот заменик државен секретар Венди Шерман, повикувајќи ја Северна Кореја „да се воздржи од дополнителни провокации“.

Тројката заменици министри разговараше и за голем број други прашања во јапонската престолнина, вклучително и за војната во Украина, Кина и Тајван, пренесе АФП.

Share This Article