Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк Сокак може добро да се вечера, напиша премиерот Димитар Ковачевски синоќа на својот профил на Фејсбук по посетата на Битола.
„Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома“, додаде тој.
Ковачевски неодамна ја започна својата турнеја низ земјава и се пофали дека јадел вкусни ќебапчиња во Гостивар.