Синот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ се роди на 25 февруари. Бебето, на кое родителите му го дале името Реља, е добро и времето го поминува во прегратките на своите најблиски.
Породувањето протекло во најдобар ред, а Андрија од самиот почеток зборуваше дека неговата свршеница стоечки ја поднесува бременоста, додека, пак, Александра открила дека добила гестациски дијабетес во текот на бременоста.
А, по неколку дена се случи и неверојатна прослава по повод раѓањето на нивното прво дете.
Во еден престижен белградски ресторан, синот на Андрија Милошевиќ доби незаборавна прослава.
Гордиот Андрија, кој на 43 години стана татко, ги собрал членовите на семејството, но и бројните пријатели од естрадата, кои славеле до зори.
Андрија со емотивен говор им се обратил на присутните: „Додека се раѓаат деца, за мене лично иднината е убава“.
Инаку, Андрија и Сандра се заедно речиси 10 години, а актерот уште во 2014 година во едно интервју истакнал дека Сандра е остварување на неговите соништа.
ФОТО: Инстаграм