14-годишно девојче почина пред вратите на училиштето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На девојче од осмо одделение ѝ се слошило додека се дружела со другарките пред основното училиште „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во Белград, јавуваат српските медиуми.

Иако итната медицинска помош пристигнала брзо, 14-годишното девојче не можело да се спаси и набрзо била констатирана смрт, пишува Блиц.

Порталот Еспресо пишува дека девојчето претходно паднало по скали во училиштето, по што се пожалило на главоболка.

Девојчето наводно немало здравствени проблеми, а дежурниот обвинител наредил обдукција.

На снимката од надзорната камера се гледа како девојчето и нејзините другарки одат кон училишната зграда, по што девојчето почнува да се сопнува и по неколку секунди паѓа на земја.

Share This Article