More

    Руските води се немирни, Финците забележале дека не се работи за земјотрес

    spot_img

    Фински сеизмолози минатата недела открија пет подводни експлозии во руските води во Балтичкото Море, соопшти денеска Сеизмолошкиот институт на Универзитетот во Хелсинки.

    – Детектиравме пет експлозии, најголемата јачина од 1,8 степени (по Рихтеровата скала), а најмалата 1,3 степени – изјави директорот на институтот Тимо Тиира.

    Четири експлозии се регистрирани во четвртокот и една во петокот во руските територијални води во Финскиот Залив, рече тој, додавајќи дека е јасно дека станува збор за експлозии, а не за сеизмичка активност. Не е познато која била причината, но слични експлозии биле откриени и при претходните поморски вежби и чистење на стари мини од морското дно, рече тој.

    – И претходно сме откривале експлозии во истата област, но не многу често и не секоја година – потенцираше Тиира.

    Руското Министерство за одбрана засега нема коментар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img