Системите ХАВК или преведено „јастреб“ се стара технологија од времето на Виетнамската војна, антиракетен систем кој САД сакаат по скратена постапка, без одобрение од Конгресот да ѝ го пратат на Украина за да се одбрани од новите напади на руските дронови „Шахед“ од иранско производство. Од Ројтерс пробале да ја контактираат Белата куќа, но не добиле одговор за колкава количина се работи. Системите имаат дострел од 50 километри и биле за првпат произведени во 1960-тите.
ХАВК е прототип на сегашниот систем „Патриот“. Неговиот дострел е опишан како „среден“. Тие треба да бидат замена за досегашните „Стигнер“ системи и базуки кои Украинците ги добиваа од Американците. Засега, поновиот модел „Патриот“ останува надвор од разговорите за испорака, изјавија американски официјални лица за Ројтерс.
Претходно месецов, американскиот претседател Џо Бајден му вети на украинскиот претседател Володомир Зеленски дека Вашингтон ќе ѝ обезбеди на Украина напредни воздушни системи по разорниот ракетен напад од Русија.