Украински функционер: Седум цивили загинаа во Бахмут на истокот на земјата
Најмалку седум цивили загинаа, а тројца се ранети во Бахмут, град во источна Украина во областа Доњецк, кој со месеци е сцена на интензивни борби со руската армија, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.
Телата на тројца претходно убиени цивили се откриени во два локалитети во регионот, рече Кириленко на Телеграм.
Украинската армија извести за руска офанзива во правец на Бахмут, на север од регионот.
Вчера, украинските војници ги одбија руските напади во близина на десет локалитети, вклучувајќи го и Бахмут, во регионите Доњецк и Луганск.