More

    Заменик-министерот за финансии Николоски на Годишниот самит на „Економист“ во Приштина

    spot_img

    Заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска учествува на Годишниот самит на „Економист“ што се одржува во Приштина, Република Косово.

    Темата на овогодинешното издание на самитот на „Економист“ е „Градење мостови за мир, просперитет и солидарност“, а заменик-министерот за финансии ќе се обрати на панел посветен на Инвестиции во Западен Балкан и одржлив модел на раст. Говорници во панелот ќе бидат мнистерот за финансии на Република Косово Хекуран Мурати, Матео Колангели, регионален директор за Западен Балкан на ЕБОР, а он-лајн ќе се вклучат Лилијана Павлова, заменик-претседател на Европската инвестициска банка и Ксијакониг Ју регионална диреткорка за Западен Балкан на Светска Банка.

    Самитот се одржува во клучно време за регионот поради војната во Украина, променeтата безбедносна и енергетска архитектура во Европа, но и последните придвижувања во евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан.

    Учесниците, меѓу кои се истакнати личности од САД и Европа, вклчујќи го Вес Мичел поранешен помошник државен секратар на САД за европски и евроазиски прашања, Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот Парламент и актуелен претседател на Фондацијата Фридрих Еберт, Јоргос Папандреу, претседател на Социјалистичка интернационала и поранешен премиер на Грција, Лилјана Павлова, потпретседателка на Европска инвестициска банка, како и значајни претставници од бизнис заедницата.

    На Самитот ќе се развие дијалог и ќе се споделат мислења за справување со предизвиците од актуелната енергетска и ценовна криза.

    РС Македонија минатата година беше домаќин на Годишниот самит на лондонски „Економист“ кој е значаен настан во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img