More

    Серена ја смени таблата: Не отстапив

    spot_img

    Серена Вилијамс, сопственичка на 23 грен слем титули, најави враќање во светот на тенисот.

    Според неа, Американката годинава се повлече на УС Опен откако во третото коло загуби од Ајла Томљановиќ. Таа доби овации, се пишуваше за сите нереални резултати кои ги постигнала во текот на кариерата. Сепак, се чини дека ова не беше крајот за 41-годишната Серена.

    „Не сум се пензионирала“, рече таа на конференција во Сан Франциско, за време на промоцијата на нејзината компанија Серена Венчрс и додаде

    „Шансата за враќање е многу голема. Можеш да дојдеш кај мене дома, имам терен каде тренирам секој ден“.

    Вилијамс истакна дека никогаш не го ни употребила зборот „повлекување“.

    „Повеќе размислував за транзицијата. Можеби најдобриот збор е еволуција. Малку се оддалечив од тенисот за да се посветам на некои други работи кои ми се важни. Сепак, никогаш не реков дека повеќе нема да играм конкурентен тенис“, заклучи Серена Вилијамс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img