More

    Скршена е бистата на поетот Никола Вапцаров која се наоѓа во Градскиот парк во Скопје

    spot_img

    Скршена е бистата на поетот Никола Вапцаров која се наоѓа во Градскиот парк во Скопје.

    Партијата Левица оцени дека овој вандалски чин е директно поврзан со отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров” во Бугарија и го повика СДСМ да реагира како за запалувањето на бугарскиот клуб во Битола.

    „Непосредно пред отворањето на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот Парк во Скопје. Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов” во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската анти-фашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката“ велат од Левица во реакцијата упатена до јавноста.

    Од партијата информираат и дека ќе присуствуваат на отворањето на клубот во Бугарија.

    -Левица, како единствена антифашистичка партија во Собранието, со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров”, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи – велат од партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img