Конте: Фрустриран сум од целата ситуација во Тотенхем

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека не е толку загрижен за двата последователни порази на неговиот тим во Премиер лигата, колку за здравјето на играчите.

Во текот на изминатата недела „петлите“ претрпеа порази од Манчестер Јунајтед и Њукасл, а италијанскиот стручњак смета дека за ова е заслужен ритамот на натпреварите.

Ги држам прстите скрстени за да избегнеме повреди, тоа е мојата главна грижа во моментов“, рече Конте на почетокот на интервјуто со претставниците на медиумите, а потоа продолжи

„Ние не сме тим што располага со толку играчи за да можеме без последици да издржиме да играме натпревар во просек по три дена, како што е во моментов. Знаевме што не чека, затоа имав разговор со управата на клубот при што побарав да доведам најмалку две-три засилувања. Хојбјерг го играше секој натпревар и на крајот се повреди бидејќи беше премногу уморен, а истото им се случи и на Кристијан Ромеро и Ричарлисон“.

Надвор од тимот е и Дејан Кулушевски, кој исто така е повреден.

„За Кулушевски се надевавме дека ќе се врати многу порано, но наместо тоа, состојбата му се влоши и сега треба да чекаме да се опорави. Лукас Моура ја започна сезоната со проблем со тетивата и сега се обидува да се опорави. Од друга страна, Оливер Скип го одигра својот прв натпревар од јануари, што е добра вест“.

Целата ситуација го фрустрира Конте бидејќи тој поинаку го замислуваше својот тим.

„Сето ова ме фрустрира, ќе игравме поинаку да беше поинаква ситуацијата. Сега се снаоѓаме како што треба. Посакувам да играме со најдобриот тим на секој натпревар, но не е така. Кога дојдов во Тотенхем, реков дека дојдов за долгорочен проект, за со текот на времето да направиме нешто големо. Сега сме само на почеток и кога ќе ги надминеме почетните тешкотии, ќе се справиме со напредокот“, изјави Конте.

Share This Article