Македонскиот претседател во Полска ќе се сретне и со бизнисмени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Варшава, во рамки на неговата официјална посета на Полска, беше одликуван со највисокото полско одликување, Орден на „Белиот Орел“, како симбол на блиските дипломатски и политички релации меѓу двете држави и претседатели и потврда на македонско-полското пријателство и партнерство.

Од кабиентот на македоснкиот претседател соопштија дека и Пендаровски го одликувал со  орден „8 Септември” претседателот на Полска, Анджеј Дуда со образложение дека има  исклучителен придонес во негувањето и во развивањето на дипломатските односи меѓу двете земји, за неговото посветено застапување и зајакнување на стратешките цели на земјава, со цел зачленување во Европската Унија и во НАТО, како и за продлабочувањето на пријателските релации и стратешки соработки помеѓу двете земји на социо-културен план, што придонесува за демократските процеси на нашата земја.

Шефот на државата Пендаровски престојува во дводневна официјална посета на Република Полска. Со државни и воени почести, изутрината во Варшава, беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што се одржа тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на македонската и полската делегација.

Попладне, како што е најавено, Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на средба со претставници на полските комори и бизниси и македонски претставници од бизнис секторот.

Share This Article