Риши има 25 поддржувачи повеќе од Пени Мордоунт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Борис Џонсон нема да се трка за лидер на конзервативците, што значи и за нов премиер на Велика Британија. Со оваа одлука речиси сигурно е дека Риши Сунак ќе биде премиер, пишува Гардијан. Борис Џонсон, кој мораше да го прекине својот одрмо на Карибите се врати во земјата за да добие само 60-тина од потребните 100 поддржувачи во парламентот за да влезе во трката заедно со Сунак и Пени Мордонт.

Џонсон, на почетокот, дури и разговараше со Сунак и Пени за да ги убеди да не се кандидираат и да му помогнат во неговиот обид за политичко враќање.

Сунак има повеќе од 140 декларирани поддржувачи, додека Мордоунт заостанува со 25.

Џонсон во својата изјава вечерва рече дека наводно имал поддршка од 120 пратеници, но одлучил да не се кандидира бидејќи „тоа едноставно не би било правилно да се прави“, бидејќи „не можете ефективно да владеете доколку немате обединета партија во Парламентот“.

Share This Article