Министрите за одбрана на Русија и Франција, Сергеј Шојгу и Себастиен Лекорну денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Украина, која, како што се оценува, „се стреми кон натамошна неконтролирана ескалација”, соопшти руското МО.
Како што е наведено, Шојгу му ја пренел на својот француски колега Москва загриженоста дека Украина може да „изведе провокации со употреба на валкана бомба”.
Валканите бомби се направени од конвенционални експлозиви, но нивните јадра се опкружени со радиоактивен материјал.
Лекорну денеска потврди дека имал телефонски разговор и дека Шојгу го предупредил. Лекорну изјави дека Франција „е против каква било форма на ескалација, особено нуклеарна”, и оти тој има намера наскоро да разговара со својот украински колега.
Шојгу пред два дена телефонски разговарал за ситуацијата во Украина со американскиот колега Лојд Остин. Пентагон соопшти дека за време на разговорот Остин ја истакнал потребата од зачувување на каналите за комуникација со Русија.
Шојгу денеска разговараше и со секретарот за одбрана на Велика Британија, Бен Волас, соопшти руското Министерство за одбрана. Како и во претходните повици, тој „на својот британски колега му ја пренесе загриженоста за можните провокации од Украина со употреба на „валкана бомба””, се вели во соопштението на МО.
Засега нема сооппштение од МО на Велика Британија за разговорот.