More

    Касами вели дека постојат снимки, но потребна е помош од полицијата

    spot_img

    Снимки од комби кое истовара кучиња-скитници од други градови во Тетово стигнале до градоначалникот Билал Касами, кој се сомнева дека тоа се случува навечер и тајно и дека тоа е причината зошто нивниот број се зголемува иако Општината ги заловува.

    – Ние сме свесни дека проблемот не можеме да го решиме локално и без соработка со другите институции, па затоа бараме поддршка и од граѓаните, медиумите, централната власт и од полицијата за да ги лоцираме сите тие сомнителни возила кои во Тетово ги носат кучињата скитници од други градови. И еден милион евра да обезбедиме од нашиот буџет нема да го решиме проблемот, бидејќи можеме да увидиме дека од моментот кога почнавме да ги заловуваме овие кучиња, нивниот број наместо да се намалува се зголеми. Ова кажува дека е реално нашето сомневање дека од други градови се носат кучиња скитници и се пуштаат во Тетово. Полесно е за другите градови да платат некому да ги стави кучињата во возило и да ги донесе во Тетово отколку да ги третираат во нивната Општина – изјави Касами.

    – Ние имаме сомневања и имаме пријави од граѓаните, но за се докаже треба да се ангажира полицијата бидејќи таа може да контролира граѓани и возила и да идентификува. Ние имаме фотографии и видеа кои ни ги пуштаат граѓаните, но тие за нас не се доволен доказ да пријавиме во полиција зошто на нив тешко е да се идентификуваат лицата кои тоа го прават. Таа работа треба да ја направи полицијата – додава градоначалникот.

    Општината работи на градење на стационар за кучињата-скитници со средства од Швајцарската амбасада во Маеоднија. Тој треба да се изгради во Врапчиште, на земјоделско земјиште кое ќе биде пренаменето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img