More

    Потпишани се вкупно 3.800 договори со ЕСМ снабдување ДООЕЛ Скопје

    spot_img

    Заклучно со вчерашниот ден, потпишани се вкупно 3.800 договори со ЕСМ снабдување ДООЕЛ Скопје, информираше денеска на прес-конференција помошник-директорот за топлинска енергија во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.

    Инаку, како што потсети Маројевиќ, во изминатата недела потрошувачите на АД ЕСМ пристапуваа кон трите пунктови во населбата Тафталиџе, во олимпискот базен во Центар и во пунктот кој се наоѓа во „Капитол мол“ во Аеродром, и на шалтерите добиваа два примерока од договорот, ги пополнуваа своите податоци и ги потпишуваа договорите, носејќи притоа документ за идентификација и копија или фактура од претходниот снабдувач.

    Како што информираше Маројевиќ, договорот од денеска е поставен на интернет страницата на АД ЕСМ.

    Потрошувачите можат документот да го испечатат во два примерока, и со документ за лична идентификација и претходна сметка да пристапи до пунктовите каде што ќе го потпише, а еден примерок ќе остане во снабдувањето.

    – Напоменувам дека во оваа постапка ако некој реши да ја искористи оваа можност, нема потреба да вади дополнителни документи од кои би земал одредени податоци за внесување во договорот – додаде Маројевиќ.

    Во договорот, како што потенцираше, потребно е да се наведе имотниот лист на објектот или дел од објектот за кој се склучува договорот. Како што рече, ако потрошувачот нема имотен лист, нивниот службеник на шалтерот ќе пристапи до катастерот и во негово присуство ќе го запише бројот на имотен лист на недвижноста, на која се потпишува договорот за испорака на топлинска енергија.

    Маројевиќ информираше дека оние потрошувачи кои во моментов се наоѓаат во странство и не можат лично да пристапат до пунктовите и да ги потпишат договорите, можат со полномошно да овластат друго лице, кое во нивно име ќе го потпише договорот.

    – За наредниот период подготвуваме и други начини, во смисла да двата приемрока од договорот потрошувачите го добијат по пошта, особено за оние кои немаат можност да го испечатат, а за оние кои нема да можат да ги искористат овие понудени можности заради различни здравствени причини, да ги посетиме во нивните домови. И други опции се во план, но како ги реализираме така ќе ги известиме нашите потрошувачи – додаде Маројевиќ.

    На интернет странциата на АД ЕСМ, потрошувачите можат да добијат и информација кои од објектите и од кои причини не добиваат испорака на топлинска енергија.

    Во врска со поплаките за неиспорака на топлинска енергија кои ги добиваат во период на дневни прекини, Маројевиќ потенцираше дека испораката на топлинска енергија се одвива по строго утврдени правила т.н „мрежни правила“ одобрени од Регулаторната комисија кои се јавни, транспарентни и можат да се преземат.

    – Овој период, до 15 ноември, кога надворешните температури, а сообено атмосферските услови, ветер, облаци, сонце или дожд многу се менуваат во текот на денот, дневен прекин се прави во период кога надворешната температура при сончево и ведро време ќе достигне 11 степени. Тогаш започнува прекинот на производство на топлинска енергија. Потрошувачите се уште добиваат топлинска енергија, онаа која веќе од топланите е испорачана во мрежа, која им ја овомзожуваме со уште најамлку 1 час циркулација на пумпите. Ако времето е врнежливо или има облаци, таа граница е 14 степени – рече Маројевиќ.

    Таа потсети дека денеска имало околу 14 степени и заради тоа топланите ја прекинаа својата испорака во 11.45 часот.

    – Вчера, во 18 часот надворешната температура беше 15 степени и топланите, за првпат оваа грејна сезона испорачуваа топлинска енергија по направен дневен прекин. По овој модел, ќе се испорачува топлинска енергија и во наредниот период. За денес, според нашите анализи, ние сме на граница, но најверојатно условите ќе бидат исполнети соглансо прогнози и поладневен старт ќе има и денес – додаде Маројевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img