Вкупно 260.000 руски државјани се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација, која завршува следната недела, изјави Нина Останина, претседателка на Комитетот за семејни, женски и детски прашања во Државната дума.
По средбата со заменик-министерот за одбрана Николај Панков, таа рече дека во средата, на 19 октомври, тој соопштил дека бројот на мобилизирани е 251.000 од планираните 300.000, а дека денеска таа бројка достигнала 260.000 и оти останале само 14 отсто до постигнување на планираната бројка.
Останина потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на 14 октомври изјави дека мобилизацијата ќе заврши за околу две недели.
– Мобилизацијата завршува следната недела. Ова го изјави заменик министерот за одбрана Николај Панков, а го потврди и началникот на Секторот за мобилизација, Евгениј Бурдински – рече таа.