Четириесет и едногодишно лице, со привремен претстој во Орхид, неовластено искористило 1.700.000 денари од банкарската картичка на жителка од Англија.
СВР Охрид денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
– Тој на 21 септември годинава неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86-годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.