Обезбедени се пари за 3 месеци, а вгодина ќе се зголеми буџетот на јавниот превоз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вработените од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги добија платите за кои вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во главниот град. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски за МИА потврди дека платите се префрлени на сметката на вработените и дека јавниот градски превоз продолжува да функционира нормално.

– Платите се префрлени на сметките на вработените, продолжуваме да функционираме нормално. Платите се обезбедени за следните месеци, а со донесување на буџетот за 2023 година ќе биде збогатен буџетот на јавното претпријатие за неколку милиони евра – рече Стојановски за МИА.
Вработените на ЈСП вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во Скопје, барајќи да им биде исплатена задоцнетата септемвриска плата.

Поради настанатите проблеми со претпријатието, Советот на Град Скопје на вонредна седница вчера донесе одлука за прераспределба на средства за субвенции на ЈСП, со којашто практично се обезбедени средства за плати на вработените до крајот на оваа година.

Фото: МИА

Share This Article