Украина тврди дека Русија има намера да ја урне браната близу градот Херсон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според владата во Киев, руските трупи ја минирале браната на хидроелктраната Каховка, со цел да предизвикаат поплава за да ја запрат украинската контраофанзива.

Рано изутринава одекнаа серија експлозии во североисточниот украински град Харков. Градоначалникот Игор Терехов најави дека во градот се слушнале „многубројни експлозии“ и ги повика граѓаните да бидат „крајно внимателни“.

Тој потоа објави дека е погодена административно-производна зграда во регионот Харков. Терехов на Телеграм напиша дека проектилот „предизвикал уништување“, но сè уште не се знае дали има жртви.

Освен во Харков, утринава серија експлозии одекнале и во југоисточниот украински град Запорожје. Олександар Старук, шефот на регионалната администрација на Запорожје, на Телеграм објави дека Русија го напаѓа градот со проектили и ги повика жителите да бараат засолниште.

Украина вчера ја обвини Русија дека има намера да ја уништи браната во јужноукраинскиот регион ХерсонСпоред владата во Киев, руските трупи ја минирале браната на хидроелктраната Каховка, со цел да предизвикаат поплава за да ја запрат украинската контраофанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа предупреди од катастрофа од историски размери, во случај браната да пукне. Во опасност ќе бидат доведени стотици илјади луѓе покрај реката Дњепар, би биле поплавени 80 населби, меѓу кои и градот Херсон. Прекинот на снабдување со вода во јужна Украина може да влијае и врз системот за ладење на атомската централа Запорожје. Освен тоа, во случај на уништување на браната, каналот северен Крим, кој го снабдува со вода полуостров Крим на Црното Море, анектиран од Русите во 2014 година, едноставно би исчезнал.

Браната на хидроцентралата Каховка се наоѓа на реката Дњепар во близина на Херсон, град кој го контролираат Русите и кој којшто беше анектиран од страна на Москва во септември. Поради напредувањето на украинските трупи, окупаторската власт во средата започна со свое повлекување и „евакуација“ на цивили од градот Херсон. Во меѓувреме околу 15.000 жители се пренесени на левата страна на Дњепар, изјави претставникот на руската инсталирана управа во Херсон, Кирил Стремусов.

Share This Article