More

    Русковска ги коментираше аудио-материјалите во кои наводно се слуша нејзиниот глас

    spot_img

    Суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска смета дека барањето за изземање на Обвинителството за предметот „Организатори на 27 април”, поради снимката на која наводно се слуша нејзиниот глас, апсолутно не може да го смени текот на судскиот процес.

    – Таа снимка излезе во јавностa уште некаде кон крајот на јули или почетокот на август. Законот е така поставен што никого не можеш да заборавиш во притвор. Секои 30 дена мораш или да бараш укинување или да бараш продолжување на притворот и за тоа одлучува Судот. Тоа целото е извадено од контекст. Во првите два месеци ги собирав другите докази и се прошируваше истрагата и Владимир Атанасовски не беше повикан да даде исказ и тоа е всушност тоа наводно заборавање – изјави денеска Русковска по дадениот исказ во Обвинителството, во врска со поднесената кривична пријава против неа за злоупотреба на службена должност.

    Снимките, за коишто се тврди дека е гласот Русковска и кои се слуша како вели: „Не го држев, два месеци го заборавив, го заборавив буквално”, претходно влегоа во судскиот процес за предметот „Организатори на 27 април”. Со нив, адвокатот на екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, бараше изземање на Обвинителството од случајот, а предметот да биде предаден на постапување кај обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img