Домашниот бруто производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 отсто, а извозот во истиот период номинално се зголеми за 9,7 отсто, додека увозот забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во послдното тримесечје од 2021 година, најголем пораст е забележан во секторите: „трговија на големо и трговија на мало“; „поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 9,2 отсто; „информации и комуникации“ од 5,3; како и „дејности во врска со недвижен имот“ од 3,1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во почседниот квартал лани, номинално порасна за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5 отсто.
Растот на БДП во првиот квартал од минатата година изнесуваше – 1,9 отсто, во вториот 13,1 отсто, а во третиот 3 отсто.
Според пресметките растот на економија во 2021 година изнесува 4,1 отсто.