More

    Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години славеше убедлива победа од 5:2 против селекцијата на Албанија

    spot_img

    Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години славеше убедлива победа од 5:2 против селекцијата на Албанија на стартот од квалификацискиот турнир што се одржува во Драч.

    Младите македонски фудбалерки поведоа во 13. минута со погодокот што го постигна Митковска. Домаќинот на турнирот успеа во 33. минута да го израмни резултат преку Метоха. Минута подоцна Аго постигнува гол за комплетен пресврт и предност на Албанија од 2:1. Ѓорѓиева во последната минута од првиот дел успеа да погоди за израмнување.

    Избраничките на Катерина Милеска одиграа феноменално второ полувреме, во кое успеаја да постигнат три гола и да комплетираат убедлив триумф над незгодната селекција на Албанија. Во 52. минута Павловска погоди за предност на Македонија. Истиот играч во 72. минута се запиша повторно во лисата на стрелци. Во 87. минута Василева ги постави конечните 5:2.

    Во второто коло од квалификацискиот турнир „црвено-жолтите” ќе се соочат со Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img