Српскиот пејач Слободан Радановиќ спречил маж да скокне од Панчевскиот мост во Белград, дознаваат српските медиуми. Се работи за средовечен маж кој вчера околу 16:00 часот се обидел да се самоубие, пишува српски „Мондо“.
Слободан Радановиќ се нашол на лице место, а возел во правец на Панчево. Ова не е првпат пејачот да испадне херој, бидејќи веќе неколкупати направил слична работа и покажал хуманост. Во една прилика реагирал во теретана и спречил насилство врз жена, а испаднал херој и кога му помогнал на доставувачот на храна во кој удрил автомобил во центарот на Белград.
Да потсетиме, Слоба и неговата сопруга Јелена Радановиќ очекуваат дете, што ќе биде негов првпат да стане татко, а Јелена по третпат ќе стане мајка, бидејќи има два сина од првиот брак.