По потрагата сестрите Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ се пронајдени со нивната мајка и сестра Марија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По потрагата сестрите Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ се пронајдени со нивната мајка и сестра Марија. Нивниот татко Зоран ја извести јавноста дека потрагата е завршена, пренесе „Политика“.

Имено, Зоран откри дека јутјуберките одлучиле да го „напуштат семејството“, односно да го напуштат него. Како што пренесуваат белградските медиуми, таткото тврди дека е шокиран и не очекувал дека вакво нешто некогаш ќе се случи.

– Анѓела, Марија, Наѓа и Тина се добро. Му се јавиле на брат ми и му рекле дека ме напуштиле мене. Како и секое семејство и ние имавме проблеми, искрено не мислев дека се толку голем проблеми. Не сум во контакт со нив, сите телефони се исклучени – рекол Ѓорѓевиќ.

Зоран додава дека без разлика на сѐ, најважно му е тие да се живи и здрави.

Сестрите Анѓела и Наѓа се девојчиња од Пожаревац. Тие живеат во Париз и доминираат во балканската заедница на Јутјуб.

Денеска таткото на познатите jутјуберки Анѓела и Наѓа, Зоран Ѓорѓевиќ, ја вознемири јавноста со своето обраќање, во кое рече дека неговите ќерки исчезнале во Франција.

„Ситуацијата не е добра, неколку часа не знам каде е моето семејство. Како што веќе знаете, Анѓела е во Париз, а од 16 часот ѝ се губи секаква трага. Вујко ѝ ја донесе дома вчера, во 19:00 требаше да се приклучи „во живо“, но не ми се јавува од 18:20 часот. Тина излезе да го прошета кучето во 18 часот, а сега е веќе 22:30 часот и неа ја нема. Наѓа требаше да ги заврши предавањата во 20 часот, но и таа не се појави. Не знам што да правам, ако некој има некаква информација“, изјави претходно Зоран Ѓорѓевиќ.

 

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article