Гранатирани Николаев и Киев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руски проектил погоди станбена зграда во јужниот украински град Николаев, при една од трите експлозии што го потресоа градот рано изутринава. Ракетата целосно уништи дел од зградата, која се наоѓа во централното подрачје на Николаев. Според претставник на градските власти, проектилот од типот бил С-300.

Украинските власти ноќеска соопштија дека е погоден „енергетски објект” во Киев, еден ден по смртоносните напади на руски беспилотни летала врз украинскиот главен град.

„Два удари врз енергетски објект во Житомир, кој се наоѓа западно од Киев, предизвикаа прекини на струја и вода. Државната служба за итни случаи работи на случајот“ – напиша на „Телеграм“ Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

Во меѓувреме украински медиуми јавија дека двајца украински работници во нуклеарната централа Запорожје, биле киднапирани во понеделникот, но западни медиуми не можеле да ја потврдат информацијата од независни извори.

Share This Article