Лидерот на шведската Умерена партија Улф Кристерсон во Парламентот освои доволно гласови за да стане идниот премиер, поставувајќи го теренот за неговата коалиција поддржана од националистите да управува со најголемата економија во нордискиот регион.
Шведскиот конзервативен лидер Кристерсон денеска е избран за премиер во парламентот на гласањето на кое десничарите за првпат беа поддржани од екстремно десничарските Шведски демократи. Кристерсон беше избран со 176 гласа „за” и 173 „против”. Парламентарното гласање ја потврди поддршката за Кристерсон од четири партии, вклучително и шведските демократи. Сега, втората по големина партија во земјата, антиимигрантски настроена, нема да бидат дел од владата на Кристерсон, но ќе го поддржуваат во замена за спроведување на нејзините политики за криминал и миграција.
Кристерсон во петокот објави договор за формирање на трипартиска влада меѓу неговата Умерена партија, Демохристијаните и Либералите, поддржана во парламентот од нивниот клучен сојузник Шведските демократи.
Кристерсон утре ќе го објави својот список на министри, по што ќе следи средба со кралот, по повод неговото официјално именување.
Една од првите задачи на владата на Кристерсон е да се договори за плановите за трошење за 2023 година, во време кога домаќинствата се притиснати од растот на цените, а одговорот на централната банка на инфлацијата е зголемување на трошоците за должници. Тоа нашироко се гледа дека води кон рецесија, при што Риксбанк во моментов проектира намалување на бруто домашниот производ за 0,7 отсто следната година, наведува Блумберг.